• петок, 22 ноември 2024

Лаутербах прогласи крај на корона епидемијата во Германија

Лаутербах прогласи крај на корона епидемијата во Германија

Берлин, 7 април 2023 (МИА) – Во Германија на полноќ измина условот за носење заштитни маски, како и важноста на другите мерки против коронавирусот, а германскиот министер за здравство Карл Лаутербах ја прогласи епидемијата за завршена.

Тој оцени дека Германија успешно ја надминала епидемијата, но истакна дека не е јасно како ќе продолжи финансирањето на вакцините по истекот на Регулативата за вакцинација против коронавирусот.

Првпат по три години нема да има повеќе владини ограничувања поврзани со епидемијата, објави денеска „Франкфуртер алгемајнецајтунг“.

До неодамна посетителите на болниците и домовите за стари лица мораа да носат маска ФФП2, а истото важи и за пациентите и посетителите на медицинските ординации и установите за дијализа. Тие правила сега се укинати од германската држава, но медицинските установи сè уште можат да бараат да се носат маски и не е јасно колку објекти ќе го искористат тоа.

Шефот на Националната асоцијација на лекари за задолжително здравствено осигурување, Андреас Гасен истакна дека медицинската пракса може да го регулира носењето маски во рамките на правилата за секоја здравствена институција посебно.

Директорот на германското здружение на болници, Џералд Гас нагласи дека болниците се навикнати да „утврдуваат хигиенски мерки за заштита на своите пациенти, дури и независно од короната“. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан