• петок, 05 декември 2025

Лариџани: Иран го откажа договорот за соработка со МААЕ

Лариџани: Иран го откажа договорот за соработка со МААЕ

Техеран, 20 октомври 2025 (МИА)  - Иран го откажа договорот за соработка што во септември го потпиша со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), изјави денесла секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Лариџани.

„Договорот е откажан. Секако, ако агенцијата има предлог, ќе го разгледаме во Советот за национална безбедност на Иран“, изјави Али Лариџани за време на состанокот со својот ирачки колега во Техеран, според иранските државни медиуми.

Изјавата доаѓа околу три недели откако шефот на иранската дипломатрија, Абас Аракчи, објави дека ако западните сили повторно воведат санкции врз Иран, Техеран ќе го откаже договорот што ѝ дозволуваше на МААЕ да продолжи со инспекциите на нуклеарните објекти на Иран, пренесуваат британските медиуми.

Меѓународните санкции врз Иран беа повторно воведени минатиот месец, а денешната потврда од иранските власти дека договорот за соработка со МААЕ се откажува е удар за Агенцијата за атомска енергија на ОН, која се обидува да ја обнови соработката со Техеран откако Израел и САД ги бомбардираа нуклеарните објекти на Иран во јуни.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан