Лапид: Израел нема да ѝ послужи на Русија да ги заобиколи санкциите
Братислава, 14 март 2022 (МИА) - Израел нема да ѝ послужи на Русија да ги заобиколи санкциите, воведени од САД и други западни земји, изјави денеска, израелскиот министер за надворешни работи, Јаир Лапид, јавија британски медиуми.
- Министерството за надворешни работи го координира ова прашање заедно со партнерите, вклучувајќи ги Банката на Израел, Министерството за финансии, Министерството за економија, Управата за аеродроми, Министерството за енергетика, како и други, појасни Лапид.
Тој ја даде изјавата во Братислава, по состанокот со словачкиот министер за надворешни работи, Иван Корчок. бд/