• вторник, 05 ноември 2024

Лапид го повика Нетанјаху да поднесе оставка поради нападот на Хамас врз Израел

Лапид го повика Нетанјаху да поднесе оставка поради нападот на Хамас врз Израел

Тел Авив, 22 април 2024 (МИА) – Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид денеска го повика премиерот Бенјамин Нетанјаху да поднесе оставка поради што не успеа да го спречи нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.

Повикот на Лапид уследи откако директорот на военото разузнавање Ахарон Халива поднесе оставка поради што не го спречил напад на Хамас.

Лапид на Икс ја поздрави одлуката на Халива како „оправдана и почитувана“ и истакна дека „премиерот Нетанјаху би требало да го стори истото“.

Халива во својата оставка повика на формирање комисија „која темелно, продлабочено, сеопфатно и прецизно ќе ги истражи и открие сите фактори и околности кои доведоа до тешките настани“.

Тоа е прва оставка на генерал од израелскиот Генералштаб, а тој една недела по нападот на Хамас изјави дека ја сноси целосната одговорност. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан