• петок, 28 јуни 2024

Лампард убеден во опстанок на Евертон во Премиер лигата

Лампард убеден во опстанок на Евертон во Премиер лигата
Ливерпул, 4 април 2022 (МИА) - Тренерот на Евертон, Френк Лампард го сподели своето мислење за можното испаѓање на тимот од англиската Премиер лига. - Имаме уште 10 натпревари за да освоиме бодови. Десет натпревари се многу. Ако среќата се сврти кон нас, тогаш имам уверување дека сé ќе биде во ред. Зборувањето за тоа сега и овде не значи ништо. Треба само да се фокусираме на нашата игра. Следниот натпревар е многу значаен бидејќи е со Барнли. После тоа, продолжуваме во Манчестер јунајтед, изјави Лампард за „Sky Sport“. Евертон вчера загуби од Вест Хем со 1:2. Тимот е 17-ти во поредокот во Англиското фудбалско првенство со 25 бодови. Следниот меч Евертон го игра на 6 април против Барнли кој се наоѓа на 19. позиција (21 бод). зс/

Остани поврзан