• петок, 05 декември 2025

Лами: Велика Британија го поздрави договорот за минералите меѓу САД и Украина 

Лами: Велика Британија го поздрави договорот за минералите меѓу САД и Украина 

Лондон, 1 мај 2025 (МИА) - Велика Британија го поздравува потпишувањето на економскиот договор меѓу САД и Украина, изјави шефот на британската дипломатија, Дејвид Лами, цитиран од ДПА. 
Министерството за финансии на САД синоча објави дека е формиран „инвестициски фонд за закрепнување“ на Украина, а украинскиот премиер Денис Шмихал го опиша како „вистински праведен и добар меѓународен договор“. 

Министерката за економија на Украина, Јулија Свириденко, на платформата Х потврди дека двете страни го потпишале договорот.  

„Благодарение на лидерството и договорите меѓу претседателот Володимир Зеленски и претседателот Доналд Трамп, министерот за финансии Скот Бесант и јас го потпишавме договорот меѓу Украина и САД за формирање на Инвестициски фонд за реконструкција меѓу Украина и САД“, напиша Свириденко на Х. 
  
Во објава на Х министегрот Лами денеска изјави: „Обединетото Кралство ги поздравува чекорите преземени од САД и Украина за потпишување договор за економско партнерство. Поддршката на Обединетото Кралство за Украина останува непоколеблива. Со нашето 100-годишно партнерство, ги продлабочуваме економските и безбедносните врски за идните генерации на нашите две земји“. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан