• понеделник, 23 декември 2024

Лазаревска: СДСМ и во време на светска економска криза покажува вистинска грижа за образованието

Лазаревска: СДСМ и во време на светска економска криза покажува вистинска грижа за образованието
Скопје, 1 септември 2022 Почитувани, Институциите предводени од СДСМ во изминатите пет години сериозно вложуваат во унапредување на образованието, како во човечкиот капитал, така и во подобри услови за одржување на наставниот процес. Септемвриската плата за околу 32.500 вработени во основното и средното образование, од кои 25.000 наставници ќе е повисока за 15 проценти. Работиме на достоинствено вреднување на трудот на наставниците. Со досегашните покачувања на платите од 21 процент, сега вработените во основното и средното образование ќе имаат плати поголеми за 36 отсто, во однос на 2017 година. Освен во платите, инвестираме и во инфраструктурата во образованието, за помалку од пет години, реконструирани и изградени се над 80 основни и средни училишта. Продолжуваме со капитални инвестиции и вложувања во подобри инфраструктурни услови за образование, како еден од врвните приоритети. Значително е зголемен бројот на образовни асистенти финансирани од буџетот на МОН кои ќе работат со ученици со атипичен развој вклучени во редовната настава – од 500 лани, нивниот број оваа учебна година ќе биде 720. Инвестираме и во ученичкиот и студентски стандард за да имаме помотивирани ученици и студенти. Ученичките стипендии, кои изнесуваа од 2.200 до 2.700 денари, ги зголемивме и ги израмнивме на 3.500 денари, со кои се опфаќаат околу 3.100 ученици. Оваа учебна година е зголемен бројот на дуални паралелки за унапредување на средното стручно образование – од 97 минатата година, сега се 200 со опфатени 2700 ученици. Во овој проект минатата година биле вклучени 250 компании, а годинава нивниот број се искачи на 400. СДСМ и во време на светска економска криза покажува вистинска грижа за образованието, за наставниците, за учениците. Почитувани ученици и просветни работници, Со среќа и успех во новата учебна година! Прес-конференција, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан