• понеделник, 23 декември 2024

Лавров ја пофали американската телевизија „Фокс њуз“

Лавров ја пофали американската телевизија „Фокс њуз“
Москва, 18 март 2022 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја пофали американската телевизија „Фокс њуз“ за известувањето за војната во Украина. - Ние ги знаеме манирите и триковите што ги користат западните земји за да манипулираат со медиумите... Ако ги земете САД, само „Фокс њуз“ се обидува да претстави некое алтернативно гледиште, изјави Лавров за време на гостувањето во студиото на руската државна мрежа РТ. Инаку, американската телевизија „Фокс њуз“ сесрдно го поддржуваше Доналд Трамп за време на кампањата и неговиот претседателски мандат. гт/ https://twitter.com/i/status/1504867573237755911

Остани поврзан