Лавров: Сите наши несогласувања со САД во врска со Украина верувам дека сега се решени
- -Сега, тука, во нашите преговори со Американците за украинското прашање, лично верувам дека недоразбирањата се решени, рече тој.
Москва, 11 декември 2025 (МИА) – Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека сите „недоразбирања“ со САД во врска со Украина се решени по состанокот меѓу претседателот Владимир Путин и американскиот претставник Стив Виткоф претходно овој месец.
Кремљ го опиша состанокот на 2 декември со Виткоф и Џаред Кушнер како „конструктивен“, иако не е постигнат голем напредок во решавањето на војната во Украина.
Лавров денеска изјави дека разговорите го потврдиле „меѓусебното разбирање“ постигнато од Путин и американскиот претседател Доналд Трамп на самитот во Алјаска во август.
-Сега, тука, во нашите преговори со Американците за украинското прашање, лично верувам дека недоразбирањата се решени, рече тој.
Лавров додаде дека Русија сака да се договори пакет документи за поддршка на долгорочен и одржлив мировен договор во Украина со безбедносни гаранции за сите вклучени страни.
-Им пренесовме на нашите американски колеги дополнителни предлози во врска со колективните безбедносни гаранции, рече Лавров. „Разбираме дека кога разговараме за безбедносни гаранции, не можеме да се ограничиме само на Украина“.
Тој, исто така, рече дека Русија нема да го прифати членството на Украина во НАТО и дека Москва сака да ги заштити луѓето кои зборуваат руски во Украина.сд/ссм/
фото:МИА архива