• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Куртоа: Тедеско не ме почитуваше

Куртоа: Тедеско не ме почитуваше

Мадрид, 19 март 2025 (МИА) - Голманот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Белгија, Тибо Куртоа откри детали од неговиот конфликт со Доменико Тедеско, поранешниот селектор на националниот тим.

Тедеско ја предводеше Белгија од февруари 2023 до јануари 2025 година.

- Селекторот никогаш не дојде да разговара со мене. Никогаш не сум доживеал вакво нешто. Не ме почитуваше и изгубив доверба во него. Во тој момент знаев дека нема враќање назад. Знам дека немам најлесен карактер, јас сум победник и не можам да го променам тоа што сум. Понекогаш реагираме емотивно и работите излегуваат од контрола. Штета е, но мислам дека ситуацијата со овој тренер отиде предалеку. Беше кажана лага. Кога тренерот рече дека направил се за да ја реши ситуацијата, тоа не беше вистина. Почувствував потреба да одговорам на оваа лага, изјави Куртоа за „АС“.

Куртоа најави повлекување од репрезентацијата во 2023 година поради конфликт со Тедеско. По заминувањето на германскиот стручњак и назначувањето на Руди Гарсија на негово место, 32-годишниот голман се врати во националниот тим. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан