• сабота, 16 ноември 2024

Куртоа не ја промени својата одлука околу настапот за националниот тим

Куртоа не ја промени својата одлука околу настапот за националниот тим

Мадрид, 13 ноември 2024 (МИА) – Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа во август објави дека нема да игра за репрезентацијата на Белгија под водство на селекторот Доменико Тедеско. Минатиот јуни настанаа несогласувања меѓу голманот и селекторот, поради што Куртоа неочекувано го напушти тимот пред квалификацискиот натпревар со Естонија за Европското првенство 2024.

Според „HLN“, извршниот директор на Белгиската фудбалска асоцијација (РБФА) Питер Вилемс се сретнал со Куртоа во Мадрид за да разговараат за можноста за негово враќање во националниот тим.

Фудбалерот останува на својата одлука, нема да игра за националниот тим под водство на актуелниот селектор, пишува новинарот на „Атлетик“, Марио Кортегана. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан