• недела, 22 декември 2024

Курти: Ширењето паника и лажни тврдења само ги подгрева тензиите

Курти: Ширењето паника и лажни тврдења само ги подгрева тензиите

Приштина, 23 јуни 2023 (МИА) -  Премиерот на Косово, Албин Курти, одговори на изјавите на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жосеп Борел, за ситуацијата во државата.

„Ширењето паника и лажни тврдења само ги подгрева тензиите и им помага на оние кои сакаат ескалација“, објави Курти на Твитер.

Според него, вежбите на косовските безбедносни сили во јужниот дел на Косовска Митровица се одржуваат како дел од редовните активности, за што КФОР е целосно информиран.

„Дезинформациите се опасни и неприфатливи“, напиша Курти. Тој додаде дека е приведен човек од северниот дел од Косовска МИтропвица поради напад врз КФОР во Звечан на 29 мај. 

Борел преку Твитер упати порака дека е многу вознемирен од ситуацијата во северниот дел од косово.

„По вчерашната кризна средба, имаме вонсудски апсења на косовски Срби, марширање на косовските безбедносни сили во јужна Митровица и тешка реторика од Србија. Ескалацијата продолжува и станува опасна. Нема да ја толерираме“, напиша Борел. зш/

Остани поврзан