• недела, 22 декември 2024

Курти следната недела во Париз на средба со Макрон

Курти следната недела во Париз на средба со Макрон
Приштина, 20 јуни 2021 (МИА) – Косовскиот премиер Албин Курти следната недела ќе отпатува за Париз, каде што ќе се сретне со претседателот на Франција, Емануел Макрон, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што соопшти владината служба за информирање, тоа е договорено на денешната средба на Курти со политичката советничка за Балканот на францускиот претседател, Изабел Димон и амбасадорката на Франција во Косово, Мари-Кристин Бител. Според соопштението, денешната средба била во функција на подготовка на првата средба на Курти со Макрон, а на неа станало збор и за неодамнешната посета на косовскиот премиер на Брисел и неговата средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. - Тема на разговорите беше политичката ситуција во Косово, регионот и светот, доброто владеење во Косово, европските ингтеграции, како и билателарната соработка и продлабочувањето на односите меѓу Косово и Франција. Се разговараше и за последната посета на премиерот во Брисел и за новото поглавје на дијалогот со Србија, се вели во соопштението од кабинетот на Курти. иа/гт/

Остани поврзан