• петок, 22 ноември 2024

Курти не ја коментира оставката на министерот за здравство

Курти не ја коментира оставката на министерот за здравство

Приштина, 7 октомври 2022 (МИА) – Косовскиот премиер Албин Курти не ја коментираше денеска оставката што вчера ја поднесе министерот за здравство во неговата Влада, Рифат Љатифи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Запрашан од новинарите по учеството на конференција за заедниците, Курти кратко изјави дека во текот на денот ќе се сретне со Љатифи.

- Ќе се сретнам денеска со д-р Љатифи, со кого сé уште немав прилика да се видам, изјави Курти.

Љатифи поднесе вчера оставка на министерската функција, неполна година откако застана на чело на секторот.

Во писмената оставка не се наведува некоја конкретна причина за повлекувањето.

- Со длабоко разочарување и жалење, по многу рефлектирање во изминатите неколку месеци, ве информирам дека ефективно ја нудам мојата оставка на функцијата министер за здравство на Република Косово од денеска, 6 октомври 2022 година, се вели во писмото на Љатифи до Курти. иа/ми/

Остани поврзан