• понеделник, 23 декември 2024

Купот на Америка може да биде откажан, преместен во САД, или даден на Чиле и Парагвај

Купот на Америка може да биде откажан, преместен во САД, или даден на Чиле и Парагвај
Буенос Аирес, 31 мај 2021 (МИА) - Стана познато каде може да се одржи Купот на Америка 2021 година, кој започнува за 13 дена. Се разгледуваат неколку опции. Првата е да се даде турнирот на Чиле и Парагвај. Оваа опција изгледа подобро бидејќи Чиле има добра состојба со коронавирус и вакцинацијата напредува добро. Сепак, во Парагвај ситуацијата сега е слична на Аргентина, на која и беше одземена организацијата на натпреварувањето токму поради Ковид. Друга опција е да се премести турнирот во Северна Америка, поточно во САД. Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) првично сакаше да биде домаќин на турнирот во Јужна Америка, па на почетокот дури и не ја разгледуваше оваа можност. Иако Јужна Америка останува приоритет, сепак се разгледува и можност САД да се домаќини. Постои можност и за откажување на турнирот, втор пат по ред. Купот на Америка не се одржа ниту во 2020 година. Првично, заеднички домаќини на престижното фудбалско натпреварување требаше да бидат Колумбија и Аргентина, но Колумбија беше повлечена поради политичката ситуација во земјата, а Аргентина - поради медицинската. зс/

Остани поврзан