• недела, 22 декември 2024

Куомо: Уште четири сојузни држави на карантинската листа на Њујорк

Куомо: Уште четири сојузни држави на карантинската листа на Њујорк
Вашингтон, 14 јули 2020 (МИА) - Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо денеска донесе одлука за уште четири американски сојузни држави да се стават на карантинската листа на Њујорк, за да се спречи ширењето на Ковид-19 во државата, која е најпогодена од епидемијата. На карантинската листа на Њујорк додадени се Минесота, Ново Мексико, Охајо и Висконсин, па сега патниците од вкупно 22 американски сојузни држави мора да поминат 14 дена во карантин пред да влезат во Њујорк. Куомо предупреди дека намалувањето на бројот на инфицирани лица со новиот коронавирус во Њујорк лесно може да се претвори во пораст на новозаболени заразени од другите држави. Засилена е контролата и надзорот на патниците кои доаѓаат во Њујорк на аеродромите, железничките и автобуските станици. ми/

Остани поврзан