• понеделник, 23 декември 2024

Куомо: Прв случај на новиот вид коронавирус откриен во Њујорк

Куомо: Прв случај на новиот вид коронавирус откриен во Њујорк
Вашингтон, 5 јануари 2021 (МИА) - Високо заразниот британски вид коронавирус откриен е во градот Саратога Спрингс, што е прв познат случај во сојузната американска држава Њујорк, изјави синоќа гувернерот на Њујорк; Ендру Куомо. Тој наведе дека новиот вид на Ковид-19 е откриен кај еден 60-годишен маж и оти заздравува. Пациентот не патувал. Според Њујорк тајмс лицето, чиј идентитет не е откриен, се заразил во златара во Саратога Спрингс. Куомо истакна дека во продавницата се разболеле уште три лица, но за нив се уште не е познато дали се заразени со новиот вид на коронавирус. Новиот вид на Ковид-19 претходно во САД е регистриран во Колорадо и во Калифорнија. ми/

Остани поврзан