• сабота, 21 декември 2024

Куомо: Градот Њујорк ќе почне да се отвора од 8 јуни

Куомо: Градот Њујорк ќе почне да се отвора од 8 јуни
Њујорк, 30 мај 2020 (МИА) - Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк Ендрју Куомо најави дека градот Њујорк, како единствено место во таа држава кое се уште е економски блокирано со мерките против коронавирусот, ќе почне постепено да отвора од 8 јуни. Куомо рече дека државата Њујорк, како најтешко погодена со коронавирусот во САД, постепено ги достигнува поставените цели во однос на намалување на бројот на болни и починати, и зголемување на бројот на тестирани. Во поголемиот дел на државата Њујорк вчера почнаа постепено да отвораат продавници, фризерски салони и канцеларии, додека градот Њујорк се уште е затворен. јт/

Остани поврзан