Куман ја пофали Барселона за играта во одбрана против Динамо Киев
- Тренерот на Барселона, Роналд Куман, го пофали својот тим за изданието во одбрана на натпреварот од 3. коло на Лигата на шампионите против Динамо Киев (1:0).
![Куман ја пофали Барселона за играта во одбрана против Динамо Киев](https://new.mia.mk/images/20221108204815_big_730x400_84.webp )
Барселона, 21 октомври 2021 (МИА) - Тренерот на Барселона, Роналд Куман, го пофали својот тим за изданието во одбрана на натпреварот од 3. коло на Лигата на шампионите против Динамо Киев (1:0).
- Нашата одбрана заврши одлична работа, Динамо не можеше да создаде ниту еден опасен момент. Се разбира, моравме да постигнеме повеќе, бидејќи резултатот 1:0 е секогаш ризичен до крајот на натпреварот, но дејствувавме добро без топка и игравме интензивно, истакна Куман.