• вторник, 26 ноември 2024

Кумановското училиште „Наце Буѓони“ набави современа опрема за потребите на учениците за практична настава

Кумановското училиште „Наце Буѓони“ набави современа опрема за потребите на учениците за практична настава

Куманово, 10 ноември 2023 (МИА) - Нова софистицирана опрема за практична едукација на учениците набави средното училиште „Наце Буѓони“ Куманово, информираа денеска надлежните. Опремата, дидактички табли за пневматика и електропневматика ќе ја користат учениците од машинската и електротехничката струка за настава на македонски и албански наставен јазик.

-Се работи за софистицирана опрема којашто е набавена на тендер. Се работи за најнова опрема, по најнови стандарди и таква опрема нема во македонските училишта, зборувам за техничките насоки, така што ние сме први и верувам дека многу ќе придонесе за квалитетот на наставата на двете струки, изјави директорот на училиштето, Драган Јаневски.

Стручното училиште има квалитети и барани струки кои продуцираат кадри потребни за реалниот сектор. Уилиштето со години вложува во набавка на опрема која нуди стручна едукација на учениците. Јаневски појаснува дека машинската струка нуди три профили, техничар за компјутерско управување, нов профил за кој лани, училиштето набави современа опрема, ласер и рутер. Опрема е набавена и за машинско-енергетски техничар и за оној од тригодишното образование-профил конструкциски механичар (заварувачи).

- Од електро-техничката струка имаме електотехничар-енергетичар, најстариот профил од 90-тите години наваму, тоа е кадар којшто потенцијално е за вработување во ЕВН, електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Тоа е профилот кој го нарекуваме информатика, квалитетни ученици и најмногу е баран во овој момент и профилот кој за првпат започна минатата година мехатроника, дуална паралелка. Тоа е во соработка со германската фирма „Дрекслермаер“ каде што нашите ученици одат на пракса кај нив, додава Јаневски.

Средното училиште го унапредува образованието преку набавка на опрема.

-По новото реформирано средно образование имаме учење преку работа, тоа е часови коишто се застапени во сите струки, зборувам за стручните, и машинската и електро-техничка и медицинската струка и учениците дел од наставата поминуваат во компании, имаме соработка со голем број на фирми од Куманово, вели Јаневски.

Во ова училиште кое со години продуцира кадри потребни за реалниот сектор, настава следат приближно 2.000 ученици на македонски и албански наставен јазик. Училиштето со години подготвува кадар за потребите на компаниите од Куманово и државата како што машински механичари, машински техничари, електроенергетичари, програмери, медицински сестри.ам/бт/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан