• вторник, 19 ноември 2024

Кумановското средно училиште „Перо Наков“ работи на проект за социјално претприемништво

Кумановското средно училиште „Перо Наков“ работи на проект за социјално претприемништво
Куманово, 17 март 2022 (МИА) - Кумановското средно училиште „Перо Наков“ и заедно со училиште од Врање, Србија го почна проектот за социјално претприемништво преку социјаlна интеграција на младите. СОУ „Перо Наков“-Куманово е партнер на Економско-трговската школа од Врање, Република Србија, која е носител на прекуграничниот проект „Центри за иновативен развој на социјалното претприемништво – современа перспектива на социјалната интеграција на младите“. Токму за таа цел, во Занаетчиски дом се одржа презентација на проектот, кој се имплементира со средства од инструментот за претпристапна помош (ИПА II). - Активностите на проектот во Куманово ќе резултираат со отворање на Центар за социјално претприемништво во СОУ „Перо Наков“ - Куманово, со цел на младите да им се приближи концептот за социјална економија. Центарот претставува креативен простор, во кој младите ќе имаат можност да развиваат идеи за социјални старт-ап компании, изјави директорката на училиштето Мила Жибак Димковска. Вклучувањето на младите е приоритет во креирањето одржливо окружување, кое ќе поттикне развој на социјалното претприемништво и социјалната економија. ам/мс/

Остани поврзан