• петок, 22 ноември 2024

Кумановската противпожарна единица бележи зголемен број пожари на оџаци

Кумановската противпожарна единица бележи зголемен број пожари на оџаци
Куманово, 10 февруари 2023 (МИА) - Кумановската противпожарна единица бележи зголемен број на интервенции на запалени оџаци, соопштија денеска од Територијалната противпожарна единица. Секоја година во овој период има зголемен број пожари предизвикани од запалување на оџаци.
 
Надлежните апелираат, граѓаните навреме да ги чистат оџаците. Од вкупно 33 регистрирани пожари од почетокот на годината, дури 11 се интервенции на оџаци, од кои три во само еден ден.

- Минимум еднаш годишно, пред почетокот на грејната сезона, би требало да се чистат оџаците, со тоа би се намалила во голема мерка опасноста од палење на оџакот, меѓутоа тоа е ние сме подготвени 24 часа, да интервенираме и да помогнеме каде што треба. Ние како град немаме оџачарска служба. Но важно е да се чистат навремено, бидејќи чистиот оџак спречува многу непријатни случувања, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Во Куманово има неколкумина оџачари кои сепак не се регистрирани како фирми, нема пријавени ниту во занаетчиската комора. ам/цр

Остани поврзан