• недела, 22 декември 2024

Кумановската болница до крајот на годината ќе добие мамограф

Кумановската болница до крајот на годината ќе добие мамограф
Куманово, 30 октомври 2022 (МИА) - Кумановската општа болница до крајот ќе добие мамограф, потврди денеска министерката за труд и социјална политика и претседателка на Форум на жени на СДСМ, Јованка Тренчевска која заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и член на ЦО на СДСМ и директорката на УЈП и заменик-претседател на СДСМ, Сања Лукаревска присуствуваа на ревијална трка во Куманово по повод октомври, месец на борба против рак на дојка која се одржа на градскиот кеј. Освен кумановската болница, преку Светска банка ќе биде обезбедена опрема и за други болници во државата. - Апаратура во здравствените установи, болниците е неопходна за да имаме рано откривање на ракот на дојка. Преку проект на Светска банка во кое е вклучено Министерството за труд и социјална политика, главен носител е Министерство за здравство, веќе склучивме договори со меѓународни фирми за набавка на мамографи и друга апаратура коишто одат за неколку болници ширум државата, да не биде сѐ сконцентрирано во Скопје и во клиниките туку да добијат и болниците во останатите општини. Верувам дека до крајот на годината мамограф и останати апарати ќе бидат ставени во функција во општите болници, вклучително и Куманово, изјави министерката. Таа посочи дека овој месец преку општинските форуми се реализирале бројни настани, трибини, трка, маршеви, за подигање на свеста кај жените за спроведување самопрегледи, редовни и навремени прегледи. И директорката на УЈП и заменик-претседател на СДСМ, Лукаревска истакна дека овој месец го посветуваат на јакнење на свеста кај жените за превенција од рак на дојка, покажувајќи грижа онаму каде е потребно. - Ова е всушност социјалдемократските вредности коишто ние ги унапредуваме и го одбележуваме и она што е битно за жените, заедно со форумт на жени на СДСМ и на форумот од Куманово. Имам чест што сум денеска овде. Цел месец низ целата држава покажавме дека е многу битно да се спроведуваат редовни прегледи, онаму акде потребно даваме заедничка грижа. Идниот месец исто така ќе одбележуваме за борба против семејно насилство, секаде сме каде што е потребно и навистина покажавме дека со заедничка борба, пред сè жена со жена може да има несомнени резултати и успеси, рече Лукаревска. Претседателката на општинскиот огранок на форумот на жени од Куманово, Јасмина Георгиевска, потсети дека спровеле повеќе активности и со ревијална трка ја заокружуваат кампањата за подигање на свеста за превенција. -Ние сметаме дека доколку и една жена сме поттикнале на ова дека кампањата ни е успешна, кажа Георгиевска. ам/ки/

Остани поврзан