• петок, 05 декември 2025

Куманово ќе поставува „лежечки полицајци“, дел од напорите за побезбедни улици

Куманово ќе поставува „лежечки полицајци“, дел од напорите за побезбедни улици

Куманово, 2 јули 2025 (МИА) - Граѓаните на Куманово постојано бараат поставување „лежечки полицајци“, Општината веќе склучи договор и наскоро ќе почне реализацијата на оваа активности, најави денеска градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Според него, одговорено е позитивно на  речиси  80 проценти од пристигнатите барања и активноста ќе се релаизира многу скоро, како одговор на континуираните барања од граѓаните и дел од напорите за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, особено на децата и младите.

- Точно е дека барањата се прифаќаат во континуитет – и од минатата година и оваа година. Со буџетот обезбедивме средства за изградба на истите. Во меѓувреме, беа изработени сообраќајни елаборати за најголем дел од локациите, пуштени се во МВР, мислам дека над 80 проценти се комплетирани, а тендерската постапка за избор на изведувачи е завршена, изјави Димитриевски. 

Избрана е фирма на тендер, за што од општинскиот буџет ќе бидат одвоени 1,69 милиони денари. Интервенциите ќе се реализираат на различни локации низ градот, со акцент околу училиштата, здравствени објекти, градинки. На одредени локации нема да можат да се постават забавувачи на сообраќајот поради правилникот на МВР.

- Обично на примарни и секундарни улици во близина на училишта, јавни институции и други објекти, особено таму каде што е нагласено движењето на ученици, деца и млади луѓе, секако со добиена сообраќајна согласност од Министерството за внатрешни работи, додава Димитриевски. ам/дма/


Фото: МИА и Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан