• недела, 22 декември 2024

Куманово објави повик за оброк за ранливите категории граѓани

Куманово објави повик за оброк за ранливите категории граѓани

Куманово, 14 февруари 2024 (МИА) - Општина Куманово денеска објави јавен повик за остварување на право на користење народна кујна. Куманово ги повика ранливите категории граѓани да аплицираат за користење еден оброк. Според објавата за народна кујна можат да се пријават, корисници на гарантирана минимална помош, лица со многудетно семејство, корисници на минимална пензија.

За да користат, треба да поднесат барање, да обезбедат потврди дека се корисници на различни права, фотокопии од документи за идентификација и да ги достават до општинската архива со назнака „До општина Куманово, Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита“.

-За сите подносители на барања кои ќе бидат опфатени со оваа мерка, ќе се изготви решение од страна на градоначалникот на општина Куманово кое ќе биде истакнато на видно место во просториите на ЈУ-ОУД „Професор Мијалковиќ“-Куманово, како давател на услугата, информираа од општината.

Претходно, раководителот на секторот за социјална и здравствена заштита од општина Куманово, Александар Крстевски рече дека ќе реализира и народна кујна за лица од социјален ризик.

-Општината планира да обезбеди топол оброк за лицата кои се во најголем социјален ризик. Мерката ќе се спроведува со интернатот „Професор Мијалковиќ, има 5.400.000 денари за оваа намена, изјави Крстевски. ам/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан