• петок, 22 ноември 2024

Куманово избра компанија за проценка на недвижниот имот

Куманово избра компанија за проценка на недвижниот имот
Куманово, 31 мај 2022 (МИА) - Општина Куманово ќе го брои имотот со кој располага. За таа цел, општината избра компанија за процена на недвижен имот за потребите на општина Куманово, информираа денеска надлежните од општина Куманово. За услугите за процена на недвижниот имот Куманово ќе одвои 590.000 денари. На тендерот за архитектонски услуги, инженерски услуги и интегрални инженерски услуги, услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето, поврзани научни и технички советодавни услуги е избрана кумановската компанија „Рацио Груп“ дооел Куманово. Договорот помеѓу општината и избраниот економски оператор е со важност од една година. ам/ев/

Остани поврзан