• петок, 05 декември 2025

Кумановка пријавила вознемирување и оштетување на возило

Кумановка пријавила вознемирување и оштетување на возило

Куманово, 7 ноември 2025 (МИА) - Кумановка пријавила вознемирување и оштетување на возило од лице кое подолг временски период ја вознемирувал нејзината ќерка, соопшти денеска СВР Куманово.
Според информациите од полицијата, кумановката го пријавила случајот, вчера, во 22:50 часот.

- 64-годишна жена од Куманово пријавила дека пред нејзиниот дом лицето Б.К. од Куманово, кое подолг временски период ја вознемирувало нејзината ќерка, го оштетило возилото што таа го користи и удирало по влезната врата од куќата, соопшти полицијата.

Од Секторот за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот. ам/вг/


Фото МИА

Остани поврзан