• понеделник, 23 декември 2024

Кулибали подготвен да jа намали платата за да остане во Наполи

Кулибали подготвен да jа намали платата за да остане во Наполи
Неапол, 18 јуни 2022 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Наполи, Калиду Кулибали сака да продолжи да игра во италијанскиот тим. Триесетгодишниот Сенегалец нема намера да ги напушти Наполитанците. Според „Кикер“ Кулибали е подготвен да прифати намалување на платата за да остане во Наполи. Тој сака да стане капитен на тимот и да ја заврши кариерата во сегашниот негов клуб. Актуелниот договор на Кулибали истекува во јуни 2023 година. За фудбалерот се заинтересирани Барселона и Севиља. Во сезоната 2021/22, дефанзивецот забележа 34 настапи во сите натпреварувања, постигна три гола и давајќи три асистенции. зс

Остани поврзан