• сабота, 16 ноември 2024

Кулеба: Поостри санкции за Русија во рамки на петтиот пакет казнени мерки на ЕУ

Кулеба: Поостри санкции за Русија во рамки на петтиот пакет казнени мерки на ЕУ
Киев, 3 април 2022 (МИА) - Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба вечерва побара поостри санкции во рамки на петтиот пакет казнени мерки на ЕУ, откако украинските власти објавија видеа од убиени цивили од градот Буча. „Санкциите на ЕУ мора да се заострат. Во рамки на петтиот пакет, новите руски банки треба да бидат исклучени од системот СВИФТ, да се воведе ембарго на руската нафта, гас и јаглен, а пристаништата на ЕУ да бидат затворени за руски бродови и стоки“, рече Кулеба. Тој додаде дека „Украина веќе работи на прогон на сите оние кои се вклучени во сите злосторства“. „Ќе биде потребно време, но ќе работиме со партнерите и Меѓународниот кривичен суд за да ги изведеме сите одговорни пред лицето на правдата“, рече Кулеба. паг/    

Остани поврзан