• сабота, 23 ноември 2024

Кузеска:Кој е ставот на Мизрахи по признанието на Мицкоски за континутитет со Ванчо Михајлов?

Кузеска:Кој е ставот на Мизрахи по признанието на Мицкоски за континутитет со Ванчо Михајлов?
Скопје, 14 ноември 2022 Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Почитувани граѓани, почитувани новинари, Воопшто не е за изненадување тоа што Мицкоки стана заложник на Димитар Апасиев и Левица. Заложникот Христијан Мицкоски лично го потврди континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ со ликот и делото на Ванчо Михајлов. ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на луѓе кои што биле извршители на Третиот Рајх, кои го негираат македонскиот идентитет, идеолошки поклоник на фашизмот. Сликите на Мицкоски со оние кои го отвораат бугарските клубови не се случајни, Михајлов е дел од континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ. Со таквото однесување Мицкоски ги погази ја погази идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ. Што ќе кажат на ова пратениците на ВМРО-ДПМНЕ? Што е одговорот на Рашела Мизрахи за скандалозното признание на Мицкоски? Мицкоски е слаб, обичен послушник на Никола Груевски кој работи на штета на државните и националните интереси. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

______________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан