Кувајт соопшти дека втора нафтена рафинерија е погодена од дрон
- Кувајтската нафтена корпорација (Kuwait Petroleum Corporation) соопшти дека втора нафтена рафинерија е погодена од дрон по што избувнал пожар.
Кувајт, 19 март 2026 (МИА) - Кувајтската нафтена корпорација (Kuwait Petroleum Corporation) соопшти дека втора нафтена рафинерија е погодена од дрон по што избувнал пожар.
Според кувајтската новинска агенција, компанијата навела дека дрон погодил една од оперативните единици во рафинеријата „Мина Абдула“ (Mina Abdullah) во јужниот дел на земјата.
Преземени се сите неопходни мерки на претпазливост за да се осигури безбедноста на работниците и да се обезбеди објектот, се додава во соопштението.
Како што беше претходно објавено, пожар избувна и во кувајтската рафинерија „Мина ал-Ахмади“ (Mina al-Ahmadi) кога беше погодена од дрон по што компанијата соопшти дека нема повредени лица. јт/
Фото: ЕПА архива