• понеделник, 23 декември 2024

Кувајт купува турски борбени дронови за 367 милиони долари

Кувајт купува турски борбени дронови за 367 милиони долари

Кувајт, 14 јуни 2023 (МИА) - Кувајт потпиша договор вреден 367 милиони долари за купување на беспилотни борбени летала ТБ2 од турската компанија Бајкар.

Дронот Бајрактар ТБ2 може да носи лесни бомби со ласерско насочување и да лета непрекинато до 27 часа.

Началникот за операции на воздухопловните сили на Кувајт, генерал Фахад Ал Досари, во видео порака на Твитер, истакна дека флотата од беспилотни летала може да ги поддржи морнарицата и крајбрежната стража и да ги надгледува поморските и копнените граници.

Тој додаде дека беспилотните летала можат да „вршат мисии за извидување и таргетирање“ и да помагаат во операциите за пребарување и спасување.

Бајкар и кувајтската Влада не прецизираа колку дронови ќе бидат купени и кога ќе бидат испорачани. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан