• недела, 01 март 2026

Кувајтската противвоздушна одбрана одби „голем број“ напади, соопшти министерството за одбрана

Кувајтската противвоздушна одбрана одби „голем број“ напади, соопшти министерството за одбрана

Кувајт, 1 март 2026 (МИА) – Кувајт соопшти дека неговата противвоздушна одбрана денеска одбила „голем број непријателски воздушни цели“.

Министерството за одбрана соопшти дека целите биле следени и пресретнати јужно од земјата која се наоѓа во Персискиот Залив. Не е наведено дали има жртви или материјална штета.

Иран ги таргетираше американските воени објекти во Бахреин, Кувајт и Катар како одговор на американските и израелските напади во кои беше убиен ајатолахот Али Хамнеи. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан