• среда, 25 декември 2024

Кубанскиот дисидент Јуниор Гарсија од Мадрид: Животот на островот е безнадежен

Кубанскиот дисидент Јуниор Гарсија од Мадрид: Животот на островот е безнадежен
Мадрид, 18 ноември 2021 (МИА) – Лидерот на кубанските протести Јуниор Гарсија Агилера денеска призна дека неговото бегство во Шпанија е изведено под притисокот од властите на островот и дека претставува „болен удар“ за опозициското движење. Гарсија, кој вчера неочекувано со туристичка виза пристигна во Мадрид со сопругата, денеска додаде дека нема намера да бара азил во Шпанија и дека ја напуштил Куба бидејќи таму го чека „безнадежен живот“. Овој 39-годишен актер и драматург е основач на онлајн групата „Архипелаг“, која во понеделникот повика на протести во Куба и веднаш беше блокирана од кубанската Влада. -Разбирам дека тоа беше болен удар, рече Гарсија  на прес-конференција во Мадрид на прашањето за фрустрацијата што ја изразија другите кубански дисиденти поради неговото ненадејно заминување. „На крајот можеби ќе си простам, што немав храброст да се претворам во камен или да се претворам во бронзена статуа“, додаде тој. -Можеби ќе се извинам што сум човек, што размислував за мојата сопруга и мојот живот и што избегав од безнадежен живот, бидејќи токму тоа ме чекаше на Куба, рече дисидентот. Откако групата „Архипелаг“ ги извести властите за планираниот марш, Гарсија стана предмет на немилосрдна, повеќенеделна кампања за негова дискредитација во кубанските државни медиуми и провладините блогови. Во неделата тој се обиде да замине сам, но не можеше да го напушти својот стан откако полицијата и поддржувачите на владата ја опколија зградата. Кога се обиде да комуницира со новинарите и другите, покажувајќи бела роза на неговиот прозорец, луѓето што стоеја на покривот развиорија огромно кубанско знаме за да го затворат прозорецот. На прес-конференција во Мадрид, Гарсија кажа дека целото негово семејство било малтретирано од кубанскиот режим и неговите поддржувачи, на неговата сопруга и било кажано дека ќе ја загуби работата како учител, а два обезглавени гулаби биле оставени пред неговиот дом. -Тоа беше нешто што го организираа државните безбедносни сили за да не заплашат, рече тој, додавајќи дека планира да се врати во Куба со сопругата откако нивните животи повеќе нема да бидат загрозени. сд/

Остани поврзан