Покривот на спортската сала на ССОУ „Димитрија Чуповски" се реконструира
- Во тек се градежни зафати за реконструкција на покривот на спортската сала која ја делат двете велешки средни училишта, ССОУ „Димитрија Чуповски“ или Хемиска и СОУ Гимназија „Кочо Рацин“, информира попладнево градоначалникот Марко Колев.
Велес,18 март 2026 (МИА) - Во тек се градежни зафати за реконструкција на покривот на спортската сала која ја делат двете велешки средни училишта, ССОУ „Димитрија Чуповски“ или Хемиска и СОУ Гимназија „Кочо Рацин“, информира попладнево градоначалникот Марко Колев.
Општина Велес средствата го обезбеди во соработка со Владата и Министерството за образование и наука.
- Целтта е обезбедување безбедни и функционални услови за спортски активности, зачувување на објектот и создавање пријатна средина за учениците и наставниците, потенцира Колев.ад/са/
Фото: МИА