• вторник, 24 декември 2024

Крис Пол сака да остане во Феникс

Крис Пол сака да остане во Феникс

Феникс, 16 јуни 2023 (МИА) – Кошаркарот на Феникс санс, Крис Пол сака да продолжи да игра во тимот од Аризона.

 

Ова желба самиот Пол ја кажа при претставувањето на својата книга која е посветена на дедото на кошаркарот.

 

- Апсолутно точно. Затоа сум овде сега, одговори Пол на прашањето дали сака да остане во Феникс.

 

На 7 јуни медиумите објавија информација дека 38-годишниот играч ќе биде избркан. Подоцна беше објавено дека Санс разгледуваат различни опции, вклучително и трејд за ветеранот.

 

Новиот тренер на тимот Франк Вогел коментирајќи ја веста за можно исклучување на Пол изјави дека „дошло до недоразбирање“.

 

Договорот на Пол за сезоната 2023/24 (30,8 милиони долари) ќе стане целосно загарантиран на 28 јуни. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан