• вторник, 05 ноември 2024

Кристофер Хил: Блокадите на факултетите не се начин, луѓето имаат право да кажат што сакаат

Кристофер Хил: Блокадите на факултетите не се начин, луѓето имаат право да кажат што сакаат

Белград, 16 април 2024 (МИА) - Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил изјави дека блокадата на Филозофскиот факултет што ја организира Студентскиот парламент на Универзитетот во Нови Сад со ултиматум дека професорот од катедрата за медиумски студии Динко Грухоњиќ мора да биде разрешен поради наводен говор на омраза не е начин да се спротивставиме на „нешто што некој го кажал“.

„Луѓето имаат право да го кажат она што сакаат да го кажат и најдобриот начин да се спротивстави на нешто што некој го кажал е да имаат подобар аргумент. Јас не поддржувам физички дејствија насочени кон повреда на нечие право на говор. Мислам дека клучот тука е чувство на толеранција Сите мораме да се справиме подобро на тоа поле“, изјави Хил во интервју за студентскиот портал „Универзитетско ехо“ од Нови Сад.

По вчерашната посета на Хил на Филозофскиот факултет во Нови Сад, на социјалните мрежи се појавија смртни закани до американскиот амбасадор и конпрофесорoт на Универзитетот во Нови Сад, Динко Грухоњиќ.

Од Филозофскиот факултет соопштија дека амбасадорот на САД ги посетил факултетот и Катедрата за медиумски студии.

Студентскиот парламент на Филозофскиот факултет поднесе жалба против професорот Динк Грухоњиќ за наводен говор на омраза до Етичката комисија на неговиот факултет.

Грухоњиќ беше обвинет за говор на омраза врз основа на монтирана видео снимка од форумот во Дубровник од пред една година, каде што наводно величал воен злосторник од Втората светска војна, што професорот остро го демантираше и потсети дека го поминал целиот свој новинарски и професорска кариера како доследен борец против национализмот и против глорификацијата на политиката на воени злосторства во регионот.

Грухоњиќ добил бројни смртни закани, а на влезот на зградата во која живее со семејството биле испишани графити со директно повикување на негово убиство. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан