• вторник, 14 мај 2024

Кривична пријава за матичар од Скопје за злоупотреба на службена положба

Кривична пријава за матичар од Скопје за злоупотреба на службена положба

Скопје, 21 март 2024 (МИА) - СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал - Одделение за корупција и фалсификати поднесе кривична пријава  против К.Н.(33) од Скопје, вработен во Управата за водење на матични книги, Подрачно одделение Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување" и против М.К.(30) и Ј.М.(29), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.  

Како што соопшти попладнево МВР, првопријавениот, вработен на работно место помлад референт-матичар, по претходен усмен договор со второ и третопријавените, без примено писмено барање за издавање на извод од матичната книга на родени, изготвил и заверил со свој потпис и службен печат извод од матична книга на родените за нивната малолетна ќерка, во која внел невистинити податоци, односно матичен број кој бил непостоечки.  

Таквиот извод, посочуваат од МВР, тие го употребиле во Одделението за управни работи Скопје како прилог на барањето за издавање на патна исправа на малолетната ќерка. дма/ев/

Фото: Управа за водење на матични книги

Остани поврзан