• понеделник, 23 декември 2024

Кривична пријава за крадец од Радовишко кој крадел од манастири и црква

Кривична пријава за крадец од Радовишко кој крадел од манастири и црква
Струмица, 27 септември 2022 (МИА) - Полицијата му поднесе кривична пријава на Д.А. (53) од село Воиславци, радовишко, за кражби извршени во манастири и црква во близина на неговото село. Според информацијата од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, осомничениот кражбите ги извршил во периодот од октомври лани до август годинава. -Тој се сомничи за пет кривични дела „тешка кражба“ извршени во два манастири и една црква во близина на селото Воиславци. Од објектите најчесто крадел парични средства и други предмети кои биле оставани во верските објекти, изјави за МИА, Трајанова. Кривичната пријава ја поднело Одделението за внатрешни работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство во овој град.рт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан