• сабота, 29 јуни 2024

Кривична пријава за дебранец, следел сограѓанка и ѝ го одзел мобилниот телефон

Кривична пријава за дебранец, следел сограѓанка и ѝ го одзел мобилниот телефон

Дебар, 23 мај 2024 (МИА) – Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против дебранец, кој следел сограѓанка и ѝ го одзел  мобилниот телефон.

-Кривична пријава е поднесена против У.Ф.(63) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“  и  „демнење“. Тој, извесно време следел женско лице од Дебар, а на 7 месецов од работната канцеларија ѝ го одзел мобилниот телефон, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Деновиве ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.М.(25) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Тој агресивно се однесувал кон неговата поранешна девојка и ѝ упатил закани.вт/бт

Фото: МИА

Остани поврзан