Кривичен изработи 3.500 уверенија и потврди од кривична и казнена евиденција за кандидатите за градоначалници и советници
- Основниот кривичен суд Скопје во изминатите 10 дена, со доследно почитување на сите законски рокови, успеа да изработи 3.500 уверенија и потврди од кривична и казнена евиденција, по барање на
Скопје, 22 септември 2021 (МИА) - Основниот кривичен суд Скопје во изминатите 10 дена, со доследно почитување на сите законски рокови, успеа да изработи 3.500 уверенија и потврди од кривична и казнена евиденција, по барање на сите кандидати за членови на совети и кандидати за градоначалници од политичките партии, коалициите и групи избирачи, родени на територија на град Скопје, а неопходни за учество на претстојните локални избори, соопштија од Судот.
Посочуваат дека согласно чл. 67 ст. 3 во врска со чл. 7 ст. 3 од Изборниот законик сите Oпштински комисии, електронски ги доставиле личните податоци на кандидатите, а во рок од 24 часа судот ги извршил соодветните проверки, ги изработил уверенијата и потврдите и електронски ги доставил решенијата до комисиите.
- Во однос на критиките на одредени политички субјекти објавени на социјалните мрежи, ја информираме јавноста дека одделот за Казнена евиденција во судот постапуваше по сите барања по завршување на
работното време како и во текот на викендите, пред се затоа што голем дел од кандидатите и општинските изборни единици ги доставуваа барањата по истек на рокот од 11 септември 2021 година за пријавување на кандидати, наведуваат од Судот.
Воедно, додаваат, Судот, за овој период, доследно ги почитуваше и роковите за прием, проверка и изработка на уверенија и потврди на сите граѓани чии барања не беа поврзани со изборите.
- Во тој правец, а воедно и согласно протоколите за заштита од Ковид-19, како суд, уште еднаш апелираме за потребата од воведување на електронско аплицирање и издавање на уверенијата и потврдите, се вели во соопштението. мс/са/