• вторник, 21 мај 2024

Кремљ негира дека има одложување на истрагата за смртта на Пригожин

Кремљ негира дека има одложување на истрагата за смртта на Пригожин

Москва, 15 септември 2023 (МИА) - Кремљ денеска соопшти дека е задоволен од темпото на истрагата за авионската несреќа во која загина сопственикот на приватната воена компанија „Вагнер“ Евгениј Пригожин, иако по повеќе од три недели од инцидентот, причините се уште се нејасни, пренесе БТА.

Пригожин загина заедно со неговите главни помошници во падот на неговиот приватен авион.

-Дефинитивно не мислиме дека истрагата е премногу бавна, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за време на неговата дневна прес-конференција.

Оваа истрага, рече тој, не е едноставна.

-Ова не е едноставен инцидент и затоа да се коментира би било сосема прерано, рече портпаролот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан