• петок, 22 ноември 2024

Кралот Чарлс го одбра официјалното јадење за крунисувањето

Кралот Чарлс го одбра официјалното јадење за крунисувањето

Лондон, 18 април 2023 (МИА) - Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила го избраа официјалното јадење на свечената прослава на неговото крунисување. Тоа ќе биде - киш (на француски: quiche) - солена пита од ровко тесто.

На интернет-страницата на кралското семејство, свеченото јадење е опишано како „киш со крцкаво, лесно тесто и деликатни вкусови на спанаќ, повеќе видови грав и свеж естрагон“.

Кралот и кралицата го споделија рецептот на својот официјален Твитер-профил. Оригиналната замисла, инаку, била на кралскиот готвач Марк Фланаган и избрана од Чарлс и Камила во соработка со него. Поранешниот готвач во Бакингемската палата - Дарен Мекгрејди рече дека изборот на кралот не е изненадување, бидејќи Чарлс сака сѐ што содржи јајца и сирење.

Бакингемската палата соопшти дека кишот е избран затоа што може да се служи и топло и ладно, одговара на широк спектар на барања и вкусови и е лесно прилагодлив. Според наводите, една предност е и тоа што не е премногу сложен и не налага скапи или тешко достапни состојки.

За крунисувањето на покојната кралица Елизабета Втора во 1953 година, ладното пилешко во крем-сос од кари беше послужено со добро зачинета салата од ориз, зелен грашок и мешани билки, а наменето за гостите на забавата во палатата по свеченоста.  си/

Фото: Пиксабеј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан