• сабота, 23 ноември 2024

Кралицата по болничките „прелиминарни прегледи“, се врати во замокот Виндзор

Кралицата по болничките „прелиминарни прегледи“, се врати во замокот Виндзор
Лондон, 22 октомври 2021 (МИА) - Британската кралица Елизабета Втора, која беше во болница на „прелиминарни прегледи“, се врати во замокот Виндзор, соопшти Бакингемската палата. „Кралицата отиде в болница во средата попладне на прелиминарни прегледи и се врати во Виндзор напладне во четвртокот, и таа е во добро расположение“, се вели во краткото соопштение на палатата, објавено доцна синоќа. Кралицата Елизабета Втора (95) завчера „неволно“ го прифатила советот на лекар да одмори неколку дена и да ја откаже посетата на Северна Ирска. Кралицата мина период во карантин поради коронавирусот во замокот Виндзор во близина на Лондон, а и покрај гласините дека ќе се пензионира по смртта на нејзиниот сопруг Филип, Елизабета Втора неодамна учествуваше во бројни јавни обврски.  си/

Остани поврзан