• вторник, 24 септември 2024

Коњуфца не очекува „ништо важно“ од средбата на Курти и Вучиќ во Брисел: Никаква заедница не е на дневен ред во Косово

Коњуфца не очекува „ништо важно“ од средбата на Курти и Вучиќ во Брисел: Никаква заедница не е на дневен ред во Косово

 

Приштина, 24 јуни 2024 (МИА) – Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца изјави дека не очекува ништо важно и суштинско од средбата на премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, што е закажана за задутре, 26 јуни, во Брисел, јави дописникот на МИА од Приштина.

По денешната седница на собраниското Претседателство, Коњуфца пред новинарите изјави дека не очекува Србија да го спроведе Основниот договор од Брисел и оти „никаква заедница“ на општини со мнозинско српско население не е на дневен ред во Косово.

- Не очекувам Србија да го спроведе основниот договор. Никаква заедница сега засега не е на дневен ред во Република Косово, нагласи Коњуфца.

Домаќин на средбата на Курти и Вучиќ в среда во Брисел, како што соопшти ЕУ, ќе биде шефот на дипломатијата на Унијата, Жозеп Борел.

Според денешното соопштение од Владата на Косово, главниот фокус на оваа средба ќе биде имплементацијата на минатогодишниот основен договор од Брисел и неговиот анекс од Охрид, како и натамошните чекори во преговорите за нормализација на односите меѓу двете држави.иа/

Остани поврзан