• понеделник, 23 декември 2024

Која е злогласната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ?

Која е злогласната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ?
25 Јуни 2020 Новости, Белград Неприкосновен лидер на Северна Кореја е Ким Џонг Ун, но сè повеќе се зборува за неговата сестра Ким Jo Џонг, која во јавноста беше претставена како една од неговите главни пропагандисти. Таа влезе во центарот на вниманието кога се закани дека ќе ја разнесе канцеларијата за врски со Јужна Кореја. Нејзината закана беше реализирана на 16 јуни годинава, кога Пјонгјанг ја крена во воздух канцеларијата за врски во пограничниот град Кесонг. Се верува дека Ким Јо Џунг е единствената сестра на Ким Џонг Ун. За неа се знае многу малку, а се верува дека, како и нејзиниот брат, се школувала во Швајцарија. Тој е специјалист во областа на компјутерските науки. Камерите првпат ја снимија на погребот на нивниот татко Ким Џонг Ил, во 2011 година. Ким Јо Џонг го придружува својот брат на сите јавни настани. На почетокот не беше многу присутно во секојдневниот политички живот, но се шпекулираше дека токму таа ја осмилува целата стратегија на Северна Кореја, по совет на нејзиниот брат Ким Џонг Ун. Откако САД во 2017 година лидерот на Северна Кореја го ставија на црната листа на оние кои ги кршат човековите права, таа во 2018 година ја предводеше делегацијата на Северна Кореја на Олимписките игри во Јужна Кореја и привлече големо внимание на медиумите. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан