• четврток, 04 декември 2025

Кошта му ја честиташе на Навроцки победата на претседателските избори во Полска 

Кошта му ја честиташе на Навроцки победата на претседателските избори во Полска 

Брисел, 2 јуни 2025 (МИА) – Претседателот на Европскиот совет попладнево во објава на Икс му ја честиташе на Карол Навроцки победата на вчерашните претседателски избори во Полска. 

- Полска е и отсекогаш била во срцето на Европа. Сметам дека таа ќе остане силна, активна и одлучувачка сила во обликувањето на побезбедна и попросперитетна Унија, наведе Кошта во објавата. 

Претходно попладнево, честитки до Навроцки упати и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, а утрово тоа го стори и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. 

- Честитки Карол Навроцки. Да продолжиме да го градиме европскиот проект успешен за сите, наведе Мецола во кусата објава на Икс. 

Фон дер Лајен, пак, во честитката до Навроцки изрази уверување дека ќе продолжи многу добрата соработка меѓу ЕУ и Полска. 

- Сите заедно сме посилни во нашата заедница на мир, демократија и вредности. Затоа, да работиме на обезбедување на безбедноста и просперитетот на нашиот заеднички дом, наведе Фон дер Лајен во објавата. сп/ 

Фото: Икс 

Остани поврзан