Кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром и Баскет Кам 2011 во битка за Куп трофејот
- Кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром и Баскет Кам 2011 ќе играат во утрешното финале во кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур
Скопје, 2 март 2024 (МИА) – Кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром и Баскет Кам 2011 ќе играат во утрешното финале во кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур‘.
Бранителот на трофејот МЗТ Скопје Аеродром вечерва во неизвесен натпревар во СРЦ „Кале‘ обезбеди пласман во финалето откако триумфираше над градскиот ривал Вардар со 69-64.
Митева со 22 кошеви и Томас со три поени помалку го предводеа составот на МЗТ Скопје Аеродром до пласман во финалето.
Претходно денеска во првото полуфинале, кошаркарките на Баскет Кам 2011 триумфираа над Крива Паланка со 90-70.
Зубац со 21 поени беше најефикасна во редовите на тимот од Македонска Каменица, а забележителен настап имаше и Димова која го заврши натпреварот со дабл – дабл ефект, запишувајќи 19 поени и десет скокови.
Финалето е на програмата утре во СРЦ „Кале“ со почеток во16:15 часот. ег