• среда, 17 јули 2024

Кошаркарите на САД го претрпеа првиот олимписки пораз по 2004 година

Кошаркарите на САД го претрпеа првиот олимписки пораз по 2004 година
Токио, 25 јули 2021 (МИА) - Репрезентација на САД загуби од Франција (76:83) во првото коло од групата А на кошаркарскиот турнир на Летните олимписки игри 2020 во Токио, Јапонија. За американските кошаркари ова е првиот олимписки пораз од 2004 година. Пред 17 години на Олимпијадата во Атина (Грција), САД загубија во полуфиналето на турнирот од Аргентина (81:89). На другите денешни средби на олимпискиот турнир во кошарка постигнати се овие резултати: Иран – Чешка 78:84 Германија – Италија 82:92 Австралија – Нигерија 84:67. зс/

Остани поврзан