• понеделник, 23 декември 2024

Коциќ: Бројот на заболени од коронавирусот се намалува, следува масовна имунизација против Ковид-19

Коциќ: Бројот на заболени од коронавирусот се намалува, следува масовна имунизација против Ковид-19
Скопје, 10 јануари 2021
Почитувањето на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот од страна на мнозинството граѓани, како и засилените контроли и инспекции од страна на институциите, придонесоа бројот на заболени и хоспитализирани поради коронавирусот да се намали.
Ова резултира со намалување на притисокот врз јавното здравство и врз болничките капацитети.
Сепак, ова не е момент за опуштање, туку напротив, сите треба да продолжиме доследно да ги почитуваме мерките за заштита од вирусот ковид 19.
Првите вакцини пристигнуваат веќе од наредниот месец!
Обезбедени се 800.000 вакцини за цела 2021, а првите дози од вакцината на Фајзер ги очекуваме веќе во февруари.
Институциите се подготвени, следува процес на имунизација на целото население, за конечна победа над пандемијата.
Истовремено, државата преку два други механизи ќе обезбеди дополнителни дози на вакцини против коронавирусот.
Едниот од нив е „Ковакс“ механизмот каде се очекуваат уште 833.000 дози на вакцини, а како трет механизам се преговорите со земји членки на ЕУ кои се подготвени да отстапат дел од нивните вакцини.
Вкупно, преку сите три механизми во оваа година треба да се обезбеди вакцинација за 1,2 милиони жители на Северна Македонија, односно за околу 60 отсто од вкупното население.
Вакцинацијата е последната фаза од борбата против коронавирусот. Затоа е потребно уште малку трпение и дисциплина од секој еден од нас.
Да го заштитиме своето и јавното здравје, за што побрзо да се вратиме во нормалните текови на секојдневното живеење. Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ
________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан